Од денеска стапува во сила Законот за заштита од пушењето, според кој се забранува пушење во одредени јавни простории, рекламирање на цигари, а се уредува и заштитата од штетните дејства на пушењето тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувувањето на здрава животна средина. Согласно Законот, јавни простории се објекти за воспитно образовна дејност, здравствени објекти и социјални установи, отворени и затворени простории во кој се одржуваат спортски натпревари и културни манифестации, собири и приредби, јавен превоз на патници, објекти во кои се произведува, служи, продава или конзумира храна, како и други простории како сали, канцеларии, чекални и ходници.
Со почетокот на годинава стартува и двостолбниот пензиски систем, кој е задолжителен за сите нововработени од 1 јануари 2003 година, а се однесува на издвојување на дел од пензиските придонеси и во двата приватни пензиски фонда, покрај постојниот Фонд на пензиско инвалидско осигурување на Македонија. Оние кои се вработени пред овој датум, до крајот на годинава имаат можност да бираат дали ќе се приклучат кон двостолбниот пензиски фонд или ќе останат во постојниот.
Алкохолните пијалаци, чоколадите, дрвените производи, рибата... се дел од производите кои од денеска ќе се увезуваат по пониска царина. Во 2006 година врз основа на преземените обврски со членството во Светската трговска организација просечната непондерирана царинска стапка за сите производи ќе изнесува 9,5 проценти во споредба со 10,5 проценти колку што изнесуваше годинава. Кај земјоделските и прехранбените производи просечната непондерирана царинска стапка ќе се намали од 18,05 проценти на 17,25 проценти, а кај индустриските производи намалувањето ќе се движи од 7,66 проценти на 7,19 проценти. Најголемо намалување на царинските стапки ќе има кај сите алкохолни пијалоци - вермут, виски, водка, коњак за 12 проценти. За 8 проценти ке се намали царината кај одредени видови сушен зеленчук, за 6 проценти намалување ќе има кај одредени видови дрвени производи и градежна столарија, етикети и производи од хартија и за 5,6 отсто ќе се намали царината кај одредени видови на чоколади. Кај мебелот намалувањето ќе изнесува 4,6 проценти, а кај рибите и конзервите од риба 2,6 проценти.