Полицијата утрово во тетовското село Порој го уапси Бурхамедин Нухиу, осомничен за убиството на средношколецот Ванчо Јосифовски, во 2002, во Тетово.. Нухиу бил уапсен на бензиска пумпа, на што претходела вооружена пресметка меѓу полицијата и осомничениот, при што полесно бил ранет еден полицаец. Нухиу веднаш е упатен на издржување на затворска казна бидејќи годинава тој беше правосилно осуден на 14 години затвор за две дела-убиство во обид.