Русија и Украина се подготвуваат за кулминацијата во нивната "гасна војна", откако Москва се закани дека ќе ја запре испораката на природен гас за украинските потрошувачи на 1 јануари, ако Киев не го прифати барањето за зголемување на цената на рускиот природен гас. уската компанија за гас "Газпром" денеска објави дека планира да состави тим на технички експерти за имплементација на запирањето на испораката на природниот гас.