Земјоделците ќе плаќаат 15 насто данок на добивка

Со последните измени на законот за персонален данок на доход земјоделците дополнително се оптоваруваат со уште 15 проценти данок што ке треба да го платат на добивката од продадените производи. Ова се некои од вчера усвоените измени во законот, а беа причина дел од пратениците, оние од ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија да не го поддржат законот. Тие коментираат лоша е идејата да се создаваат нови обврски за земјоделските производители, а притоа да им се одземаат дел од бенефициите што ги имаа

„Персонален данок од доход немале, значи тоа е кога ќе одат на пазар, односно ќе ги продадат своите земјоделски производи кај оние што им ги откупуваат се задржуваат 15 насто од овој нивни доход. Премногу во државата се оптоварени замејоделците. Им се скратија субвенциите, регресите, значи нема никаква поддршка,“

изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Од министерството за финансии велат дека решенијата имаат за цел приближување на законодавството кон она на Европската унија. Освен дополнителните оданочувања за земјоделските производители има и решенија кои за прв пат се воведуваат како оданочувања на странски правни лица, одредби со кои што се овозможува поефикасна борба против корупцијата и слично.

„Овој систем на оданочување на странските правни лица кои остваруваат приход од недвижен имот во Македонија. Во најголем дел од земјите ваков систем постои. На УЈП му се дава право да утврди дали лицето поседува имот поголем од платениот данок и УЈП може да поведе постапка со што тој имот би се оданочил со стапка од 70 насто,“

изјави Маја Богдановска од министерството за финансии.