Израелски авион нападнал тренинг база користена од Народниот фронт за ослободување на Палестина источно од Бејрут. Засега нема извештај за жртви или штети, а нападот е возвраќање на ракетниот напад врз израелскиот град Киријат од либанска територија во кој беше повредено едно лице. Палестинскиот претседател Махмуд Абаз ургираше до палестинските фракции да ги запрат нападите велејки дека ваеројатно и тие сакаат да продолжи неформалниот прекин на огнот кој завршува на 31 декември.