Новогодишната декорација единстевен потсетник дека празниците се ближат

На само пет дена до дочекот на Новата 2006-та година, еуфоријата меѓу граѓаните некаде изгубена меѓу новогодишната декорација на градот која според многумина е единствениот потсетник дека се ближат новогодишните празници. Се помалку има пари и расположение за прослава на најлудата ноќ, одговараат повеќето граѓани додавајќи дека домот и скромната трпеза за нив ќе биде главната дестинација каде ќе се пречека Новата година:

„Сама дома ќе бидам. Не владее новогодишна еуфорија, сите се некако разочарни, беспарица е. Гледам продавниците се празни, порано требаше да купиш на време бидејќи ќе снема, а сега продавниците се полни, но народ нема.“

„Дома, наш дом, во село. Со жената, во внуците.“


За разлика од повозрасните граѓани простор за сонување, за еуфорија, за предновогодишно планирање - каде за дочекот на најлудата година, сеуште има кај оние помладите:

„Во некој добар ресторан ќе одиме, ќе уживаме, ќе пиеме, ќе се дружиме.“
„Во Маврово, дел од друштвото ќе оди, а дел по кафичи.“
„Во кафиќ ќе одам и околу 1000 денари ќе ме чини.“


А вообичаено за оние кои тоа можат да си дозволат, туристичките агенции нудат голем избор. Од егзотични дестинации како Дубаи, Египет, европските метрополи, како и туристичките места во нашето соседство, со цени од 1000 до поефтините кои чинат150 евра е изборот кој на граѓаните им го нудат домашните агенции.

„Однапред знаевме со какви срества располага нашето население оваа година и затоа не бевме премногу амбициозни и настапивме со ограничени количини на понуда. За поскапите дестинации како Санкт Петерсбург и Париз, имавме ограничен број на места и тие веќе се пополнети, а најголем е интересот за Бугарија и за Србија.“

изјавува туристичкиот работник Митко Аџикотарев.
Но, наспроти економската ситуација, деновиве зачудувачки се бара место повеќе по рестораните и кафеаните во градов. Цените во нив се движат од 1500- тини до 3000 денари, а местата во повеќето од скопските локали веќе се резервирани.

„Цената е 2 500-тини денари само јадење. Имаме голем интерес околу 150 луѓе се пријавија.“

велат од еден скопски ресторан.