Повеќе од 140 градови во Белорусија останале без електрична енергија поради обилните врнежи од снег што ја зафатиле земјата. Без електрична енергија останале и реоните Брест и Гродненск. Властите соопштија дека наталожениот снег на електричната мрежа е причината за проблемите со доводот на електричната енергија.