Во Кабул денеска беше конституиран првиот авганистански парламент во изминативе триесет години. Поранешниот крал Захир Шах кој учествуваше на церемонијата изјави дека, по децениите судири и борби во Авганистан, тоа е чекор напред во нејзината изградбата како демократска земја. На церемонијата, меѓу другите, присуствуваше и американскиот потпретседател Дик Чејни.