Вашингтон: Буш не демантираше дека одобрил контрола на меѓународните телефонски разговори

Американскиот претседател Џорџ Буш ниту ги потврди, ниту ги демантира информациите на Њујорк Тајмс дека ја овластил Националната агенција за безбедност да ги контролира меѓународните телефонски разговори и интернет пораките во Соединетите Држави. Во едно телевизиско интервју, Буш одби да одговори на тоа прашање, истакнувајки дека се што прави е со цел да ги заштити американците од терористички напади и тоа во рамките на законските овластувања.