Во Брисел втор ден од состанокот на евро лидерите во Брисел со акцент на буџетот на Европската Унија за периодот 2007 – 2013 година. Македонскиот статус на земја кандидат чека да се реши ова прашање.
Германија, Шпанија и Франција денеска предложија компромисен предлог на буџетот со кој се предвидува темелно преиспитување на буџетските издатоци по 2014 година со постојано намалување на вражањата на парите кои единствено ги добива Велика Британија како разлика за уплатата во заедничката европска благајна. Германскиот канцелар Ангела Меркел предложи и зголемување на буџетот на ЕУ од претходно предвидените 849 на 862 милијарди евра за периодот 2007 – 2013 година што е изненадување со оглед на претходните изјави дека Германија нема да плати повеќе. Тоа беше чекорот кој ги подигна надежите за компромис за буџетот. Еве што претходно изјави Меркел.
„Германија ке застане првенствено зад своите интереси. Прво како голем контрибутор ние мораме да бидеме внимателни со парите и нашите барања, на пример во подршката на источниот дел ан германија. Како второ ние сме способни да бидеме добар партнер, но не можеме да дадеме премногу.“
На преговорите е постигнат извесен прогрес, изјави претходно внимателно и портпаролот на британската влада Том Кели. Имено според проценките доколку нема компромис би можело да биде минирано натамошното зацврстување на Унијата и тоа во годината кога таа доживеа големи удари, меѓу нив и одбивањето на Французите и Холанѓаните на првиот устав на Европската Унија. Британскиот премиер Тони Блер во својство на преседавач имено одржа средби со францускиот претседател Жак Ширак и со германскиот канцелар Ангела Маркел. Британија се обидуваше да обезбеди подршка за својот предлог да се скрати помошта за десет те нови членки во замена за кратење на сумата пари која ја добива назад секоја година како рабат од Европската Унија. Исто така Лондон сакаше да го поврзе ова прашање со кратење на субституциите за земјоделието – нешто на што опонираше Франција. Шефот на британската дипломатија Џек Строу денеска изјави.
„Ние сакаме да видиме задоволителни преговори и задоволителен исход. Тоа е одговорност на сите 25 земји членки и тешка одговорност за Британија како преседавач. Солидарноста е многу важна, но за секоја земја е важен и националниот интерес и тоа ги прави преговорите интересни.“