Истанбул: Судски процес против познатиот турски писател Орхан Памук

Судскиот процес кој започна денеска во Истанбул против познатиот турски писател Орхан Памук обвинет за навреда на турскиот национален идентитет поради неговите забелешки за масовни убиства врз ерменците за време на Отоманската Империја во Првата Светска Војна е одложен до 7 февруари. Памук за швајцарски магазин во фебруари изјави дека милион ерменци биле убиени и дека 30 илјади курди исто така умереле за време на конфиктот во Турција во изминативе децении. Овој случај предизвика меѓународно внимание од организациите за човекови права и од Европската Унија која предупреди дека разговорите за членствоможат да бидат суспендирани доколку Турција ги крши човековите права.