Њујорк: Извештај на Карла Дел Понте за соработката на СЦГ

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте денеска во Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе поднесе извештај за соработката на Србија и Црна Гора со судот во Хаг. Обвинителството главно не е задоволно од соработката на Белград, особено во врска со доставувањето на документацијата за Ратко Младиќ.