Конфузијата кај надлежните покажува дека не сме доволно оспособени за борба против криминалот

Претседателот Бранко Црвенковски добил потврда од банката Американ експрес дека не поседува сметка во Швајцарија. Тој лично до банката испратил изјава за симнување на банкарска тајна и примерок од неделникот Фокус во кој беше објавена аферата

„Вчера доцна попладне добив допис од Американ Експрес Банка, во кој се тврди дека за нив наведената сметка и приложениот банкарски извод се непознати, или буквално, ние не ги препознаваме или не ги признаваме ниту сметката, ниту изводот на кој се однесува вашето писмо,“

рече Црвенковски и потенцираше дека ова е доказ дека документот врз кој се потпира текстот во Фокус е фалсификат

„Денес, копија од овој допис ќе доставам до анти корупциската комисија, а ќе го овластам мојот адвокат, во најкус можен рок да поднесе до јавното обвинителство кривична пријава против Никола Младенов и Н.М. сторител за извшрено дело фалсификат. Приватната тужба за клевата ќе ја оставам за подоцна.“

Црвенковски се одлучил да покрене кривична пријава за фалсификат затоа што ова дело се гони по службена должност, а како што вели казната за клевета е многу помала и соптвениците не неделникот сигурно веке пресметале дека нема да имаат голема загуба. Тој уште еднаш ја искористи можноста да го повика јавниот обвинител Александар Прчевски и сите други надлежни институции да покренат истражна постапка

„Најмал проблем е дали јас лично сум бил разочаран затоа што сум бил оставен сам да ја водам оваа битка. Јас сум разочаран од нешто друго, многу повеќе, а тоа е дека во овие десетина дена видовме каква конфузија владее кај најодговорните институции за борба против криминалот и корупцијата. Прво, тотално спротиставени толкувања на исти закони. Меѓусебни прозивки, на пример, од анти корупциската комисија и јавното обвинителство и некои други институции, дури до таму да ние имаме прилика да чуеме тотално различни експертски мислења. Тоа говори дека ние не сме доволно оспособени за борба против криминалот и корупцијата.“

Во пресрет на состанокот на Европскиот совет пак кој се одржува утре и задутре претседателот Црвенковски со писмо му се обратил на претседатолот на Франција Жак Ширак со апел за поддршка. Оваа земја е најголем противник на проширувањето бидејки смета дека тоа унијата финансиски нема да го издржи.