Њујорк: ОН со нови докази за вмешаноста на Сирија во убиството на Рафик Харири

Во истрагата на Обединетите Нации се најдени нови докази кои ги потврдуваат поранешните откритија дека Сирија била вмешана во убиството на на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Во извештајот на германскиот обвинител Детлев Мехлис кој денеска ќе биде преставен пред Советот за Безбедност се вели дека Дамаск запалил некои документи и оти 19 осомничени не биле именувани. Сирија демантираше вмешаност во убиството на Харири.