На меѓународниот ден за борба против корупцијата во земјава уште еден документ Декларација нула толеранција за корупцијата. Целта, велат од Транспарентност Македонија е да се опфати поголем круг на припадници од различни сектори и да се оди пошироко од постоечките програми за заедничка посветеност во борбата против корупцијата. Декларацијата се однесува на јавниот сектор- владини И јавни институции, политички сецтор - Собранието, политичките партии, бизнис секторот и граганското општество. Документот предвидува владата да ги поддржи И заштити лицата кои ке откријат случаи на корупција, политичкиот сектор да го институционализира лобирањето И да забрани поттикнување И лобирање од кое произлегува корупција, да ја зајакне казнената политика во случаи на корупција и незаконито богатење. Но,
декларацијата не предвидува казни за оние кои нема да ги спроведуваат одредбите, овој дел е оставен на судот на јавноста
„Тука не постои механизам на санкција. Декларацијата не е документ којшто треба да предвиди санкции. Одиме на доброволно потпишување на декларацијата, и сметаме дека тоа е прв чекор кон изразот на добрата волја за тоа што се потпишува и понатаму се спроведе и начинот понатаму ќе биде проверката дали нешто се сменило,“
изјави Слаѓана Тасева од Транспарентност Македонија.
И покрај оваа декларција и многуте веке постоечки програми, законски обврски за справување со оваа појава Македонија е речиси на дното на светските листи. Земјава оваа година е на 103 место на светската листа држави , за разлика од лани кога била на 97. Но, разлика речиси нема, бидејки поените што ги има добиено и оваа и во 2004 се исти 2.7 , разликата во позицијата е поради тоа што станува збор за групи на земји. Оваа година Македонија е во група со Гамбија, Јемен, Свазиленд, а минатата година беше со Никарагва, Алгерија, Либан и Србија и Црна Гора. Во земјава пак многу укажувања за случаи на корупција , а бројот на пријави е многу мал во однос на другите од областа на економскиот криминал. Министерството за внатрешни работи во првите десет месеци оваа година има откриено 16 случаи во областа на корупцијата, додека во делот на економски криминал 223 казнени дела.