Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на денешните разговори со украинскиот државен врв во Киев, како што е најавено, ќе побара продолжување на демократските и економските реформи во таа земја. Рајс, во рамките на нејзината турнеја, претходно престојуваше во Германија и во Романија, а по посетата на Украина заминува за Брисел.