Хаг: Денеска пресуда за хрватскиот полициски офицер Мирослав Брало

Трибуналот на Обединетите Нации за воени злосторства во Хаг денеска го осуди на дваесет години затвор поранешниот хрватски полициски офицер Мирослав Брало. Тој во јули годинава призна дека е виновен по обвинувањата за убиства, силувања и измачување муслимани во Босна.