НАТО води политика на нула толеранција

Регионална соработка во борбата против нелегалната трговија е главна тема на тридневната Конференцијата на земјите од Јадранската повелба што започна денеска во Скопје. Оваа активност се реализира во рамките на шестмесечната координација со Јадранската повелба, согласно изготвениот Акциски план.

„Од гледна точка на НАТО , нашата полиција води политика на нула толеранција, и ние ке работиме со разни организации од земјиве во регионот со цел сузбивање на овој вид криминал. Мислам дека блиската соработка со сите организации, без разлика дали станува збор за невладини или за владини организациике помогне во борбата против овој налош вид криминал,“

вели Лутз Херберт Сеидел преставник на НАТО. Дека Соработката на земјите од регионов во борбата против организираниот криминал и трговијата со луѓе наркотици и оружје е неопходна се согласува и преставникот на хрватското министерство за внатрешни работи Дарко Дундаревиц

„Република Хрватска и министерството за внатрешни работи досега има потпишано вкупно 24 билатерални договори чија цел е сузбивање на тероризмот организираниот криминал и трговијата со дрога. Во таа насока ние сме во тесна соработка со земјите од соседството и пошироко во регионот како што е и Македонија. И во оваа прилика им се заблагодарувам на колегите од Македонија, Сребија И Босна кои во последниве неколку години ни пружија значајана помош во сузбивањето на борбата против трговијата со дрога каде соработката можам да кажам е секојдневна,“

вели преставникот на хрватска Дундаревич.

Освен земјите од регионов кој сериозно се зафатени од овој тип криминал , имуни не се ниту војниците на НАТО кои престојуваат во земјите од поранешна Југославија, потврдува нивниот преставник Сеидел.

„Да имаме показатели за тоа, но тие беа досата ограничени. Стануваше збор за неискусни војници кои понекогаш влегуваа во стапица. Но нашите војници со што се можат да се соочат ако се впуштат во овој криминал, но како И да е ние сме многу активни во задржувањето на стандардите и борбата против овој вид криминал“

вели преставникот на НАТО Лутз Херберт Сеидел
Конференцијата е во организација македонското Министерство за надворешни работи и Центарот за безбедносни студии "Џорџ Маршал" од Германија.