Љубљана: Консултации за улогата на ОДИХР во изборите во светот

На конференцијата на ОБСЕ во Љубљана се во тек консултации околу улогата на посматрачката мисија на организацијата за избори, позната како ОДИХР. Русија бара во завршната декларација да биде вклучен и ставот за измени на ОДИХР, оценувајки дека таа мисија често се злоупотребува за политички цели. Соединетите Држави и Европската Унија се спротиставуваат на идејата за ослабување на улогата на ОБСЕ во набљудувањето на изборите во земјите во светот.