Казахстан: Вчерашните претседателски избори не биле во согласност со меѓународните стандарди

ОБСЕ денеска соопшти дека вчерашните претседателски избори во Казахстан не биле во согласност со меѓународните демократски стандарди. Претходно Централната изборна комисија ги соопшти првичните резултати според кои, досегашниот претседател Нурсултан Назарабаев добил деведесет и еден насто од гласовите.