Будимпешта: Тони Блер на разговори за буџетот на ЕУ

Британскиот премиер Тони Блер денеска во Будимпешта ќе разговара со премиерите на неколку нови земји членки на Европската Унија околу новиот буџет на Унијата. Чешка, Унгарија, Полска, Словачка и трите балтички држави остро го критикуваа барањето на Блер за намалување на буџетските фондови наменети за развој.