Тројца загинати и седум тешко повредени е билансот на тешката сообраќајна несреќа што се случи изутринава околу 6 часот и 20 минути на патот Прилеп - Градско во близина на Лериншки мост.
Според информациите од дежурниот истражен судија Ѕвонко Младеноски, дошло до директен судир меѓу камион "МАН" со велешка регистрација и "форд транзит" комби со грчки регистарски таблички кој пренесувал работници во рудникот кај Беловодица.
Причините за несреќата засега не се познати, но се претпоставува дека камионот преминал на спротивната страна на улицата при што дошло до директен судир. Повредените, кои се македонски државјани, веднаш се пренесени во Прилепската болница.