Багдад: Пратеникот на ОН во Ирак изрази загриженост поради постојаните напади на бунтовниците

Пратеникот на Обединетите Нации во Ирак, Ашраф Кази изрази загриженост дека постојаните напади на бунтовниците ќе бидат пречка за многу ирачани да излезат на парламентарните избори закажани за средината на наредниот месец. Во вчерашните неколку инциденти во Ирак загинаа најмалку 10 лица.