Македонската Влада и Синдикатот за образование наука и култура денеска ги продолжуваат преговорите за утврдување на најниската плата во тие дејности. Министерот за образование Азис Положани и претседателот на СОНК Дојчин Цветановски изразија надеж дека преговорите ќе завршат успешно.