Пратеникот на Обединетите Нации за статусот на Косово Марти Ахтисари со денешните средби со српскиот претседателот Борис Тадиќ и амбасадорите на земјите членки на Контакт групата ја продолжува посетата на Белград. Вчера на Ахтисари му беше предадена резолуцијата за преговорите за Косово на српскиот парламент и му беше преставен преговарачкиот тим.