Токио: Јапонската вселенска сонда ќе слета на Астероидот Итокава

Јапонската вселенска сонда Сокол денеска треба да слета на Астероидот Итокава долг 548 метра, а одалечен од земјата околу 300 милиони километри. Сокол беше лансиран во Мај 2003, а на Земјата со примероци од Астероидот треба да се врати во Јуни 2007. Се смета дека астероидите содржат камења непроменети од најраните денови како вредни информации за потеклото на соларниот систем.