Приштина: Марти Ахтисари на средби со косовските власти

Пратеникот на Обединетите Нации за преговорите за идниот статус на Косово Марти Ахтисари денеска во Приштина ќе се состане со лидерите на етничките албанци, меѓу кои и претседателот Ибрахим Ругова, а потоа ќе се состане и со религиозните лидери на косовските срби. Тој вчера разговараше со Косовскиот администратор Сорен Јесен Петерсен.