Во најновиот извештај на Обединетите Нации за Сидата, објавен денеска во Њу Делхи, се вели дека околу милион и 600 илјади луѓе во Источна Европа и Централна Азија имаат Сида, вклучувајки ги и 270-те илјади нови случаи од оваа година. Во извештајот се додава дека пораст на заболени од Сида е забележан во Русија и во Иран, особено меѓу корисниците на дрога.