Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во дводневна посета на Јапонија. Во фокусот на разговорите со јапонските власти ќе биде развојот на руско-јапонската економска соработка, во чии рамки рускиот претседател ќе присуствува на форумот на кој ќе учествуваат бизнисмени од двете земји. Јапонискиот премиер Јунициро Коизуми, пред пристигнувањето на Путин во Токио, за руската агенција Итер Тас изјави дека очекува конструктивни разговори, вклучувајќи го и прашањето за четирите острови во северниот дел на Јапонија, заземени од Советскиот сојуз по завршувањето на Втората светска војна.