Во девет египетски провинции започна гласањето во рамки на втората фаза од парламентарните избори во земјата. Национално демократската партија на претседателот на Египет Хусни Мубарак на првиот круг од гласањето на 9 ноември освои 112 места, а коалицијата Муслиманско Братсво освои 34 места во Парламентот. За 454 места во Парламентот избирачите гласаат во три фази, а последната завршува на 1 декември.