Вашингтон: Американски конгресмен бара итно повлекување на силите на САД од Ирак

Американскиот конгресмен од редовите на Демократите, Џон Мирта побара итно повлекување на американските сили од Ирак. Тој, на синоќешната прес конференција во Вашингтон, оцени дека натамошните воени активности во Ирак не се во интерес на Соединетите Држави и на ирачкиот народ. Белата Куќа соопшти дека е збунета од барањето на Мирта, кој ја подржа воената интервенција во Ирак.