Македонскиот премиер Владо Бучковски престојува во дводневна официјална посета на Словенија, по покана од неговиот колега Јанез Јанша. Разговорите меѓу двајцата премиери, како што е соопштено во Скопје, се посветени на стопанската соработка на двете земји.