Собранието на Косово на денешната седница ќе ја разгледа резолуцијата со која се потврдува волјата на граѓаните на Косово да имаат независна и суверена држава. Во меѓувреме, претставници на србите најавуваат дека таквиот документ, доколку биде усвоен, веднаш ќе биде поништен од страна на шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен.