Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот јужнокорејски колега Ро Му Хјун на денешната средба во Пусан го повторија нивниот став дека нема да биде толерирано нуклеарното вооружување на Северна Кореа. Двајцата претседатели се заложија овој проблем да биде решен на мирољубив начин. Буш утре во Пусан ќе учествува на самитот на АПЕК, по што ќе ги посети Кина и Монголија.