Денеска ќе биде пуштен во употреба најдлабокиот подводен гасовод во светот. Нафтоводот е инсталиран на две илјади метри под површината на Црно море и преку него ќе се спроведува гас од Русија. На отворањето присуствуваа турскиот и италијанскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и Силвио Берлускони и рускиот претседател Владимир Путин.