Париз: Сенатот гласа за продолжување на вонредната состојба

Францускиот сенат денеска треба да гласа за тоа дали да ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште три месеци. Вчера долниот дом на парламентот ја одобри ваквата мерка со цел да бидат запрени ноќните нереди во француските предградија што траат повеќе од две недели. Според полицијата, нередите предизвикани од млади имигранти од северна Африка, го губат интензитетот.