Европскиот парламент побара од Европската Комисија да покрене официјална истрага за информациите дека ЦИА во тајни затвори во Источна Европа, испитува осомничени членови на Ал Каида. Комесарот за правосудство и за внатрешни работи на Европската Унија изјави дека Владите на сите земји членки треба да ги проверат таквите информации.