Француските власти соопштија дека насилството во француските градови губи во интензитет. Во синоќешната осумнаесета ноќ од избувнувањето на нередите, како што се прецизира, имало мал број запалени автомобили. Француската влада денеска на итна седница треба да реши дали да ја продолжи вонредната состојба која беше воведена пред дванаесет дена. Инаку, Европската Унија и понуди помош на Франција во износ од пеесет милиони евра со цел да ги подобри условите за живот во имигрантските предградија.