Во Франција и во текот на изминатата ноќ имаше немири. Запалени беа четиристотини автомобили и уапсени околу двеста лица. Но, полицијата соопшти дека бројот на инцидентите, како и во претходните неколку ноќи, се намалува. Претседателот Жак Ширак изјави дека државата треба да ја научи лекцијата и оти мора ефикасно да ги реши проблемите што постојат во сиромашните предградија на француските градови.