Руската амбасада во Талин не му даде виза на министерот за надворешни работи на Естонија Урмас Пает кој требаше да патува за Санкт Петерзбург на конференција за побробрување на соработката меѓу Европската Унија и Русија. По поканата за конференцијата Пает го доставил пасошот во амбасадата во Талин од каде што била одбиена апликацијата со образложение дека само руското министесртво за надворешни работи или владата се авторизирани за такви покани за странски дипломати. Вториот член на естонската делегација министерот за регионални работи Јаан Оунпау дибил виза за состанокот во Санкт Петерзбург.