Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ја одложи посетата на Иран, планирана за наредниот месец, поради изјавите за иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат за бришење на израелската држава. Посетата не би била соодветна во овој момент, соопшти портпаролот на Анан, Стефан Дижарик.