И мината ноќ, 7 по ред, во неколку имигрантски заедници во близина на Париз имаше немири. Во еден инцидент е уништен дел од трговскиот центар Бибињи североисточно од Париз. Немирите избувнаа во минатиот вторник откако две африкански момчиња починаа бидејки, како што сметаат имигрантите, полицијата ги гонела. Француската влада вчера одржа кризна седница по завчерашните најинтезивни немири на емигрантите во Парискиот регион.