Најмалку 16 лица загинале, а околу 100 се повредени во рамки на вториот ден од демонстрациите во Адис Абеба. Демонстрантите кои ги оспоруваат резултатите од мајските парламентарни избори во Етиопија, се судриле во безбедносните сили при што дошло и до престрелки. Како што јавуваат агенциите, уапсени се повеќе лица, меѓу кои и висок опозиционен лидер.