Самопрогласената Армија за независност на Косово им се закани на пратениците во косовското Собрание и лидерите на политичките партии, дека за нив ќе следи ,,тежок период,, доколку не усвојат Декларација и не прогласат независност на Косово, пренесуваат агенциите. Во соопштението што по електронската пошта е испратено до медиумите во Приштина, Косовската армија за независност сооопштува дека внимателно ја следи неодговорната работа на преговарачкиот тим и со цел придвижување на процесот, оваа група вели дека ангажирала пет единици и најавува можност за ,,удар,, кон неодговорните политичари. Претходно, УМНИК и КФОР на Косово потврдија постоење на вооружени групи во Покраината.