Исламабад: Пакистан и Индија постигнаа договор за отворање на кашмирската граница

Пакистан и Индија постигнаа договор за отворање на границата во спорниот регион на Кашмир, со цел да им се помогне на жртвите во регионот од катастрофалниот земјотрес што се случи на 8 октомври. Двете страни се договорија да отворат пет пунктови долж контролната линија која го дели регионот на Кашмир, на индиски и пакистански дел. Според договорот пунктовите ќе бидат отворени на 7 ноември, а преку нив ќе може непречено да им се доставува помош на погодените од земјотресот.