Рускиот заменик јавен обвинител Николај Шепел денеска изјави дека бунтовниците, кои во почетокот на месецов го нападнаа Налчик, планирале да киднапираат цивилни авиони и со нив да извршат самоубиствени напади. Тој не прецизира кои би биле целите на таквите напади. Во судирите во Налчик загинаа 140 луѓе, вклучувајки и 94-ца напаѓачи.