Техеран: Иран смета дека Израел е нелегитимна држава и треба да биде елиминирана

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека Исламската република смета оти Изреал е нелигитимна држава и оти треба да биде елиминирана. Во Иран денеска се одржуваат и протести, на кои, како што јавуваат медиумите во Техеран, се искажува несогласувањето на исламскиот свет со постоењето на Израел. Со тоа всушност му се дава подршка на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат, кој во средата изјави дека Израел треба да биде избришан од географските карти. Европските лидери, на вчерашниот самит во Лондон, таквата изјава на Ахмадинеџат ја оценија како неодговорна и безсмислена, а Израел побара Иран да биде исклучен од Обединетите Нации.