Соединетите Држави јавно ја соопштија разузнавачката стартегија во која се потенцира дека врвен приоритет и е промовирањето на демократијата, заедно со борбата против тероризмот и против ширењето на оружјето за масовно уништување. Во Националната разузнавачка стратегија на дваесет страници се прецизира дека победата над тероризмот ќе придонесе за растот на слободата и демократијата во светот.