Израелски официјални претставници соопштија дека Израел планира голема офанзива против палестинската милитантна Исламски Џихад по вчерашниот самоубиствен напад во кој загинаа петмина израелци. Овој напад беше прв откако Израел се повлече од Појасот Газа во минатиот месец, а одговорноста за него ја презеде Исламски Џихад. Одлуката за израелската офанзива, како што јавуваат агенциите, била донесена на вчерашниот истен состанок на израелската влада. Изутрината израелската армија изведе неколку воздушни напади врз Газа.