Најмалку единаесет илегални емигранти кои чекале да бидат депортирани загинале во пожарот што во текот на ноќта избувнал во притворската станица на аеродромот во Амстердам. Холандската полиција соопшти дека во пожарот имало и петнаесетмина повредени. Во тек е истрага за причините на пожарот.